Владата ќе расправа за исполнувањето на обврските од Планот 3-6-9

Од:

Владата на Република Македонија денеска ќе ја одржи 30-та седница, на која ќе биде разгледана информацијата за состојбите и напредокот во процесот на европска интеграција во делот на динамиката на исполнувањето на обврските од Планот 3-6-9.

Пред владините министри денеска ќе се најде и информацијата за 13-от состанок на Поткомитетот за транспорт, животна средина, енергетика и регионален развој помеѓу Европската унија и Република Македонија кој го проценува напредокот на нашата земја во процесот на приближување на стандардите кон оние на ЕУ во овие области.

На денешната седница ќе биде ставена на увид и информацијата за подобрување на статусот на деца кои користат услуги во јавни установи за деца, односно во детските градинки.

Владата денеска ќе ја разгледа информацијата со статистички податоци за кривични предмети од областа на корупцијата за 2016 година.

Министерството за култура на денешната владина седница ќе ја презентира информацијата за состојбата со постапките за давање согласност, односно несогласност на предлог-тарифите за користење авторски музички несценски дела на Здружение за заштита на авторските музички права „ЗАМП“- Скопје и на Здружението за заштита на авторски музички права „СОКОМ – МАП“, Скопје

На денешната агенда на седницата на Владата ќе се најде и информацијата за текот на работата на советот за следење на состојбите во пензискиот систем, како и Годишниот извештај за имплементација на Стратегијата за родова еднаквост за 2016.

Министрите во Владата на РМ, денеска ќе го разгледаат и Годишниот извештај за работата на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање на услуги во воздухопловната навигација за 2016 година, со Извештај од независниот ревизор.

На денешната 30-та седница ќе бидат разгледани и други прашања од надлежност на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?