Делови од Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај и Шуто Оризари утре без струја

Од:

Од 8:30 до 10:30 часот утре без електрична енергија ќе останат корисниците на Телеком од улицата „Перо Наков“ и бензиската пумпа „Крип Транс“ во општина Гази Баба.

Во периодот од 8:30 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Волково, подулици со броеви 24, 58, 60, 72, 74, 76, 78 и 80 во општина Ѓорче Петров.

Од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од селата Семениште и Чајлане, општина Сарај и дел од корисниците лоцирани на улиците „Пелагонија“, „Брсјачка буна“ и „Злетовска“ во општина Шуто Оризари.

Како што соопшти РЦУК – Скопје, прекинот е поради инвестиции во електросистемот.

Би можело да ве интересира

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз

ЕДС со нова промотивна понуда за секој обновен или нов договор за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 3.10.2025 изнесува 95,10 евра за мегават час, на МЕМО 105,21 евра за мегават час

Неколку скопски општини без струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја