Третиот филм од серијалот „Сексот и градот“ откажан поради една од протагонистките

Од:

Снимањето на третиот филм од серијалот „Сексот и градот“ е откажано, наводно поради Ким Катрал, која го толкуваше ликот на Саманта.

Имено, таа побарала прво да ги заврши сите свои други моментни проекти, иако овој ангажман за неа би бил најисплатлив. Продуцентите ги одбиле тие нејзини барања.

– Единствена причина поради која овој филм не се снима, е Ким Катрал. Сите се израдуваа и едвај чекаа да почне снимањето, а Ким, како и секогаш, прави жртва од себе. Имаше храброст да дојде и да каже дека ќе се појави на сетот само под услов да ги заврши сите проекти во коишто моментно учествува. Што мисли таа, дека е Џорџ Клуни?, прокоментира неименуван извор од тимот.

Според него, сите останати се согласиле да бидат дел од тој проект, а некои дури и одбиле други понуди поради тоа.

Би можело да ве интересира

„Ѕверката“ обвинет за силување

А1он

„Сексот и градот“ без Саманта, но со нов, родово неутрален херој

Ана Ололовска

Продолжува снимањето на реалистичната приказна на „Сексот и градот“

Ана Ололовска

Новите епизоди од „Сексот и градот“ без Саманта

Ана Ололовска

Во реалниот живот Кери и Ѕверката никогаш не би биле заедно

Ана Ололовска

Откриен човекот кој бил инспирација за Фацата од „Сексот и градот“

Емир Латифовиќ