НБА: Клиперси продолжуваат со победите

Од:

Екипата на Лос Анџелес Клиперс оствари нова победа, 17.та во серија, откако пред своите навивачи ја совладаа екипата на Јута со 107:96. Во оваа серија на победи најзаслужни беа неколку играчи со чија помош се стигнуваше до триумф, а во најновата победа главна ѕвезда на вечерта беше ветеранот Карон Батлер, кој постигна 29 поени. Со по 19 поени натопреварот го завршија Крис Пол и Џамал Крафорд.

На другите ноќешни натпревари од НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Детроит – Милвоки 96:94, Сакраменто – Бостон 118:96 и Далас – Сан Антонио 86:111.

Вечерва се играат дуелите: Индијана – Мемфис, Чикаго – Шарлот, Орландо – Мајами, Хјустон – Атланта, Сан Антонио – Бруклин и Оклахома Сити – Феникс.

Пласман Источна конференција: Мајами 20-8 (победи-порази), Њујорк 21-9, Атланта 19-9, Чикаго 16-12, Индијана 17-13,…

Пласман Западна конференција: ЛА Клиперс 25-6, Оклахома Сити 23-6, Сан Антонио 24-8, Мемфис 19-8, Голден Стејт 21-10,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он