Кривична пријава против кичевчанец за напад врз службено лице

Од:

Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против жител на градот поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи за безбедноста“.

Кривична е поднесена против против Ќ.Х.(47) год од Кичево. Од страна на судија во претходна постапка од Основниот суд Гостивар на Ќ.Х. му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во истражен затвор Тетово.

Пријавениот дело го сторил на 15. септември оваа година во 06:00 часот при претрес во неговиот дом на улицата „Душан Јовески“ во Кичево.

Тој во момент на извршување на службените дејствија физички нападнал полициски службеник, инспектор во криминалистичката полиција при што му нанел тешка телесна повреда – фрактура на десната рака.

Повредата со извештај на специјалист била констатирана во ЈЗУ „Општа болница“ Кичево, изјави Стефан Димоски од СВР -Охрид.

Би можело да ве интересира

Хаос во Кичево: Во еден ден казнети дури 86 возачи за сторени сообраќајни прекршоци

Криминал во Кичево: Директор на Јавното комунално претпријатие наредил отпадот да се складира на дива депонија

Горан Наумовски

Кривична за градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари

Син го уби таткото со секира

А1он

Насилник со нож нападнал ученици, полицајци и обезбедување во болница

14-годишен малолетник од Кичево осомничен за силување на четиригодишно девојче