Работнички и Гостивар одиграа натпревар со хуманитарна цел

Од:

Кошаркарските клубови Гостивар и Работнички синоќа одиграа пријателски натпревар со хуманитарна цел пред полни трибини во спортската сала „Младост“ во Гостивар.

Работнички победи со 93:79, иако, како што рекоа од управата на КК Гостивар, спортскиот резултат не беше во преден план, но е значајна проверка пред почетокот на сезоната.

Приходот од влезниците беше наменет за лекување на Ивица Стрезоски кој треба да се лекува во Кина. Покрај овој приход, на полувремето му беше предадена и донација која ја собраа спонзорите на клубот.

КК Гостивар како домаќин синоќа имаше можност првпат да игра на нова подлога, откако заврши поставувањето на подот од паркет во салата „Младост“.

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ