Две крводарителски акции спроведени во Кичево

Од:

Вкупно 93 единици крв се собрани во две крводарителски акции што изминатите два дена се спроведени од страна на Општинската организација на Црвениот крст од Кичево во полициската станица и во касарната „Чеде Филипоски-Даме“.

Од Општинската органзиација на Црвениот крст оценуваат дека доколку продолжи овој тренд на крводарување, тогаш може да очекува надминување на минатогодинашната бројка.

– Според досегашните анализи и искуства, сметаме дека ако продолжи овој тренд на крводарување, тогаш може да очекуваме за 10 проценти да ја надминеме минатогодишната бројка. Од претходните години знаеме дека во четвртиот квартал од годината, бројот на крводарувања е секогаш во пораст, изјави Ивана Лазеска, претставник на Општоинската органзиација на Црвениот крст од Кичево.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Свлечишта, поплавени куќи низ земјава, најалармантно е во Кичево

(ВИДЕО) Поплава во Кичево: Евакуирани околу 200 луѓе, под вода и објекти на болницата

Катерина Ѓуровски

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево