Перес ги повикува палестинците на преговори

Од:

Израелскиот претседател Шимон Перес повика на продолжување на преговори со Палестинците, тврдејќи дека палестинскиот лидер Махмуд Абас, е партнер со кого е можен договор.

Обраќајќи им се на израелските дипломати во неговата резиденција во Ерусалим, Перес рече дека единствениот начин Израел позитивно да влијае врз регионот е склучување на мировен договор со Палестинците.

“Го познавам Абу Мазен веќе 30 години и никој нема да го промени моето мислење за него”, рече Перес, користејќи го военото име на Махмуд Абас,Абу Мазен.

“Многумина ги критикуваат говорите на Абу Мазен, но нема ниту еден арапски лидер кој денес е за мир, против тероризмот и за демилитаризирана палестинска држава”, изјави Перес.

Изјавата на Перес предизвика негодување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

“Жално е што претседателот изнесува личен политички став што е спротивен на официјалната израелска позиција дека Абу Мазен го одбива мирот”, изјави Нетанјаху.

Генералниот секретар на Арапската лига, Набил ел Араби, изјави вчера во Рамалах дека двете децении на разговори со Израел биле “губење на време” и дека Палестинците во Обединетите нации наскоро ќе поднесат нова иницијатива за државност.

Генералното собрание на ОН гласаше кон крајот на ноември, статусот на Палестина во светската организација да се унапреди од ентитет во држава набљудувач.

Преговорите меѓу Израелците и Палестинците беа прекинати во 2008 година. Палестинците бараа Израел да запре со изградбата на населби на окупираните палестински територии, додека Израел бара да се продолжат преговорите без предуслови и инсистира на тоа населбите да не се предмет на тие преговори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан