Министерството за култура денеска на прес-конференција ќе информира за редизајнираниот Конкурс за Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година.
На прес-конференцијата ќе се обрати министерот за култура Роберт Алаѓозовски, а деталите на редизајнираниот конкурс ќе ги презентираат Валентина Поцевска и Оливер Мусовиќ од работната група за подготвување на новата стратегија за културен развој.