Поранешниот албански премиер и актуелен пратеник на опозициската Социјалистичка партија, Пандели Мајко, смета дека изјавите на премиерот Сали Бериша за национално обединување се само зборови, јави дописникот на МИА од Тирана.
Според него, владата на Бериша, немала ни една претходна иницијатива за да ја реализира таа идеја. Мајко за телевизијата Њус 24 изјавил дека најпрво треба да се разговара за една заедничка економија со Косово.
– Оваа влада која на големо се декларира за национално обединување нема организирано економска конференција на Албанците од регионот. Треба да дискутираме за еден заеднички економски пазар. Ваква дебата сега почна во Приштина. Нацоналното обединување не може да се реализира со зборови, изјавил Мајко.