Стејт департментот ги повлекува сите членови на семејствата на вработените и извесен број од персоналот (околу 60 отсто) од Куба по „специфичните напади врз здравјето“ на американски дипломати, јави Си-Ен-Ен.
Американската Амбасада ќе продолжи да работи со редуциран персонал.
Според извори на кои се повикува медиумот, американската Амбасада ќе престане веднаш со издавање визи на Куба.
Стејт департментот ги предупредува своите граѓани да је ја посетуваат Куба.
Персоналот на таа Амбасада веќе една година се жали на необјаснети здравствени проблеми, и некој од нив имаат повреди како што е трајно губење на слухот и повреди на мозокот.