БДП лани со стапка на раст од 2,9 проценти

Од:

Стапката на раст на Бруто домашниот производ за 2016 година изнесува 2,9 проценти, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци бруто-домашниот производ во 2016 година изнесува 598.881 милиони денари и во однос на 2015 година е номинално зголемен за 7,1 процент.

Најголемо учество на додадената вредност во структурата на БДП во 2016 година имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли, Транспорт и складирање,
Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 18,7 отсто.

Финалната потрошувачка во 2016 година, во однос на 2015 година, номинално расте за 2,6 отсто, а во структурата на БДП учествува со 82,1 отсто.

Учеството на извозот на стоки и на услуги во структурата на БДП во 2016 година изнесува 50 отсто.

Номиналниот пораст на вредноста на инвестициите во основни средства во 2016, во однос на 2015 година, изнесува 7,7 отсто.

Во техничката структурата на инвестициите во основни средства, градежните работи учествуваат со 62,7 отсто, машините и опремата со 30,1 отсто, а останатите инвестиции со 7,2 отсто.

Би можело да ве интересира

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница