Заев: Секоја иновација за земјата е добредојдена

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска прими претставници од британската истражувачка компанија „Егзагеника Рисрч“.

На средбата, како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев присуствувал и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, како и дел од советниците на премиерот и на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Гостите од Велика Британија, предводени од основачот на компанијата Рис Воткинс, на премиерот Заев му ја презентирале технологијата „Хидра“, која овозможува пренос на големи количества вода од една до друга земја.

Од „Егзагеника Рисрч“ изразиле интерес да спроведат истражување за потенцијалите на водните ресурси во Македонија и за можностите за нивно комерцијално користење.

Премиерот Заев истакнал дека дека ваквите иницијативи се добредојдени и оти секоја иновација која на земјата ќе и донесе нови работни места е прифатлива.

Заев потенцирал дека Владата е отворена за нови идеи, и дека сака да ги применува искуствата од добрите примери.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези