ОЈО поднесе обвинение против лицето кое што пукаше во Тодоров

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје, по завршената истрага, поднесе Обвинителен акт против лицето Љ.С. кое на 01.06.2017 година пукаше во поранешен министер за здравство.

Лицето се товари за две кривични дела: обид за убиство според член 123 во врска со член 19 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 од Кривичниот законик.

Заедно со Обвинителниот акт, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и Предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење на опасност од бегство на обвинетиот и опасност од повторно извршување на обиденото кривично дело.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за Богоев, осомничен е дека примил мито од над 111.000 денари

А1он

ИЈЗ: Очекуваме Обвинителството да ги разгледа забелешките од ревизијата

Четворица нови обвинители во Обвинителството за организиран криминал и корупција

Савески: Секој предмет ќе добие институционален епилог

ОЈО: Поднесено е обвинение за примање награда против Фехми Стафа

Обвинителството започна истрага против скопјанец кој со пиштол се обиде да си ја убие сопругата