Заев му го честиташе на Тренчовски меѓународниот успех на „Златна петорка“

Од:

Премиерот Зоран Заев му го честиташе меѓународниот успех на режисерот Горан Тренчовски за филмот „Златна петорка“, соопшти владината прес-служба.

Заев во својот кабинет денеска оствари средба со режисерот Горан Тренчовски и со продуцентот Дејан Милошевски.

Тренчовски го информираше премиерот за последните успеси на неговиот најнов филм „Златна петорка“ што е добитник на првата награда на меѓународниот филмски фестивал во Мумбаи, Индија, и според нивните информации, очекуваат награда и од филмскиот фестивал во Њу Џерси во САД.

Освен овие признанија, овој македонски филм има освоено и седум други меѓународни награди.

Премиерот Заев, ги поздрави успесите на авторската екипа на овој филм, и истакна дека нивните успеси се значаен придонес во промовирање на македонската култура преку својата уметност, се додава во соопштението на Кабинетот на премиерот.

– Делата на културата треба да ги гледаме како наши деца, кои остануваат да живеат и после нас со векови, рече премиерот Заев во оваа прилика.

Тој во оваа прилика, истакнал дека Владата прави сѐ културните квалитети и капацитети со кои располага Македонија да бидат поддржани и афирмирани.

Би можело да ве интересира

Турската кинематографија во фокусот на „Бич филм фестивал Охрид“

Вредни парчиња накит од Клаудија Кардинале на аукција

Предраг Петровиќ

Во Кинотека ќе биде прикажан грчкиот филм „Што ако“

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски

Груевски: “Кo o чему, Заев и Филипче о поштењу“