Реконструкција и асфалтирање улици во Гевгелија

Од:

Согласно програмата за локални патишта, на територијата на општина Гевгелија, во тек е реконструкција и асфалтирање на оштетени улици во неколку населени места, соопшти денеска општинската служба за односи со јавноста.

– На главната улица во Богородица беше извршено целосно гребење на најоштетениот дел и негово асфалтирање откако претходно заврши поставувањето на канализациска линија, за да се избегнат нови раскопувања на улицата. Механизацијата моментно е преселена во Негорци каде се работи на целосна реконструкција на улицата од кружниот тек до излезот од селото кон Серменин како и во Прдејци каде се афалтира улицата од влезот во селото до ресторанот „Милениум“ информираа од градежната фирма „Еуроинг“ од Гевгелија која го доби тендерот од општината.

Беше нагласено дека покрај ова ќе се реконструираат и две улици во Миравци, и дека во целата операција за реконструкција и обновување на локалните патишта и улици и дека со асфалтирање ќе биде опфатена површина од 8.000 метри квадратни.

Би можело да ве интересира

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Градоначалник асфалтирал улица, сега е осомничен за две кривични дела

Горан Наумовски

Во Гевгелија синоќа пронајден починат маж без документи за идентификација

Струмичанец со своето возило удрил во паркиран автобус и починал

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Штрковите во Гевгелиско колабираат и дехидрираат поради топлото време

A1on

Општата болница во Гевгелија опремена со ново возило за Итна помош донација од Новоматик Македонија