Пензионерите задоволни од владините мерки и најавеното зголемување на пензиите

Од:

Премиерот Никола Груевски денеска, по повод претстојните новогодишни празници, ги посети пензионерите сместени во пензионерскиот дом во Ѓорче Петров и им подари плазма телевизор.

Пензионерите изразија благодарност за мерките што ги презема Владата во насока на подобрување на нивниот живот како најавеното зголемување на пензиите во 2013 година, бесплатниот градски превоз, бесплатното лекување и бањско-климатската рекреација. Побараа реконструкција на постоечките пензионерски домови, како и изградба на нови.

– Пензионерите се задоволни од сместувањето во ваквите домови. Сместувањето е евтино и чекаат по дури неколку години да дојдат на ред. Затоа како Сојуз на здружение на пензионери на Македонија инсистираме што поскоро да се реализира Националната стратегија за стари лица од 2010 до 2020 година која предвидува изградба на нови вакви објекти. Веќе има проекции за центар во Скопје, Кочани, Охрид и други градови, изјави по средбата претседателот на Сојузот на здружението на пензионери Драги Аргировски.

Премиерот Груевскии и министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски за пензионерскиот дом во Ѓорче Петров најавија дека ќе се разгледа можноста планираната замена на вратите и прозорците во 2014 година, да се реализира во 2013 година.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Пензионерите бараат нов Закон за пензиите со кој минималната пензија ќе изнесува 70 отсто од минималната плата