Владата на Јапонија го распушти Долниот дом на Парламентот

Од:

По предлог на јапонскиот премиер Шинѕо Абе, Владата на Јапонија денеска го распушти Долниот дом на Парламентот, а на вонредна седница беа распишани предвремени избори.

Согласно јапонскиот Устав, барањето за распуштање на Долниот дом треба да биде прифатено од јапонскиот император Акихито. Се очекува тој да го потврди распуштањето во текот на денот.

Мандатот на сегашниот Парламент истекува во декември 2018 година, но јапонскиот премиер оцени дека на предвремените избори ќе ги зајакне позициите на Либерално-демократската партија (ЛДП), која заедно со помалиот партнер во владината коалиција, партијата Нов Комеито (KM), има апсолутно мнозинство во двата дома.

Ако ЛДП победи, Владата ќе може да ја продолжи сегашната политика за ревидирање на „антивоениот“ член девет од Уставот. Абе планира и натамошни економски реформи во духот на својата политика за економски подем.

Гувернерот на Токио, Јурико Коике во понеделникот, изјави дека ќе формира нова партија, која на претстојните избори ќе се спротивствави на семоќната партија на Абе.

– Неопходна е вистинска реформска сила, рече Коике и го најави создавањето на новата Партија на надежта.

Се очекува кампањата да почне на 10 октомври, а гласањето да се одржи на 22 октомври.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови