Граѓани: Премиере, не ги употребувајте децата за пропаганда

Од:

Родители и граѓани реагираат во редакцијата на А1. Револтирани се од , како што велат злоупотребата и обидот за политичка агитација преку децата со вчерашниот говор на премиерот Никола Груевски пред децата без родители „11 Октомври“.

Груевски, на децата им говореше за новодонесени закони во парламентот, не заборавајќи да напомене дека тоа се случило по предлог на владата, кои за нив предвидуваат можност за вработување по посебни постапки кога ќе пораснат големи.

Посрамно , е велат граѓаните на полтронскиот однос на директорката на Домот за деца без родители , која пред своите штитеници ја опомена опозицијата.

„Треба малку да се опаметат – сега јас малку и политика во ова ќе внесам, меѓутоа еве навистина да покажеме еве колку е поубаво кога сме сите сложни, кога заедно пееме, се радуваме. А тие нека си мислат зошто во најголемите пости го вознемируваат народот – рече“, директорката.

Граѓаните прашуваат каде се сега невладините организации кои се грижат за правата на децата, каде е Првата детска амбасада Меѓаши, Поборникот за човекови права Лилјана Поповска? Каде е Министерството за образование но и за труд и социјална политика, за да ја казни директорката бидејќи внела политика таму каде што не смее.

„Зарем и децета, посебно најранливите, без родители, ќе служат за освојување политички поени? Дали знаеме кој ни работи во вакви установи? Политичари тргнете ги раците од децата“, се само дел од реакциите на граѓаните.

На премиерот му порачуваат пропагандата да си ја прави со лопати и црвени ленти, во Парламентот и Владата а не да го употребува за свои цели, децата.

Би можело да ве интересира

Макрон одлучи: Себастијан Лекорну е нов премиер на Франција

Горан Наумовски

Собранието на Република Српска гласа за новата влада, премиер e Саво Миниќ

Горан Наумовски

Јужна Кореја: Поранешниот премиер обвинет за поттикнување воена состојба

Премиерот на Романија поднесе оставка

А1он

ДУИ: Владата продолжува со ограничување на употребата на албанскиот јазик

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски