Владата одлучи да формира меѓуресорска група за реформи на постапката за следење на комуникациите

Од:

Владата на Република Македонија на денешната 29 седница, по предлог на Министерството за внатрешни работи, ја разгледа и усвои Информацијата за потребата од формирање меѓуресорска работна група за изготвување и следење на имплементацијата на Планот за реализација на препораките на групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото во врска со следењето на комуникациите.

Со цел да се обезбеди инклузивност на сите релевантни чинители кои се вклучени во постапката за следење на комуникациите, но и на собраниските тела за нивниот надзор и контрола, Владата донесе одлука меѓуресорската работна група да биде составена од претставници од овластените органи за следење на комуникациите: одделни министерства, Јавното обвинителство, судските органи надлежни за донесување на наредба за следење на комуникациите за интересите на безбедноста и одбраната на државата, претставник од Дирекцијата за заштита на личните податоци и од собраниската Комисија за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, како и од други управи во надлежност на Владата.

Со цел вклучување и на научната јавност во конципирањето на идните чекори во спроведување на оваа сеопфатна реформа на законскиот и институционалниот систем за следење на комункациите, предвидена и во Планот 3-6-9, се предлага во сите постапки преземени од меѓуресорската работна група да учествуваат и претставници од научната и стручната јавност-експерти од областа на кривичната постапка, Народниот правобранител, како и претставници на граѓански организации од оваа област и од областа на човековите права.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?