(ВИДЕО) Малосов: Руската фудбалска реперезентација лета со комерцијално ѓубре?

Од:

Четири членови на екипажот загинаа, а четворица се повредени откако патнички авион Ту-204 во саботата излета од пистата за време на слетувањето на московскиот аердром „Внуково“ и се запали, соопшти руското Министерство за вондредни ситуации.

Авионот на руската компанија „Црвени крила“, кој се враќал од Чешка при слетувањето ја пробил заштитната ограда, застанал на автопатот во близина на аердром „Внуково“ и се запалил.

Со авионот редовно се превезувал рускиот фудбалски национален тим. Ова беше изјавено од страна на поранешниот потпарол на руската фудбалска федерација Малосов.

„Имајте на ум дека на една од фотографиите на трупот на срушениот авион е логото на рускиот фудбалски сојуз“.

Поранешниот менаџер за односи со јавноста на руската фудбалска репрезентација, исто така рече дека сите пет години од неговата работа со оваа компанија летале спортистите .

„Тие летаат со секое комерцијално ѓубре. Николас Игумнов, директор на најбогатата руска организација, фудбалската репрезентација треба да одговори зошто наредил најбогатата спортска федерација на земјата, да се вози со раскапани авиони на малку познатите компании”, рече Малосов.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети