Заев на средба со „Кумановски Акцијаши“ закажана преку веб страницата на Владата

Од:

Претседателот на Владата на РМ Зоран Заев денеска имаше средба со Здружението за доброволна волонтерска работа „Кумановски акцијаши“.

Како што информира владината прес-служба, здружението средбата ја закажало преку контакт формата на веб-страницата на Владата. Тие од премиерот Заев побарале поддршка за реализирање на нивната голема регионална активност, во рамките на меѓународна волонтерска еколошка акција, која ќе ја организираат во соработка со слични здруженија од шест држави од поранешна Југославија вклучувајќи, ги и Косово и Албанија.

Акцијашите информирале дека планираат акција кој треба да се случи кон средината на идната година и има за цел ревитализација и реставрација на локалитетот Костурница. Според нив, оваа активност е во насока на промовирање на меѓуетничка толеранција и соживот меѓу балканските народи.

Премиерот изразил поддршка за нивната работа и залагања, и ги повторил заложбите на Владата на РМ да посвети повеќе време и ресурси во поддршката на еколошките здруженија и нивните активности.

– Ваквите здруженија најдобро можат да испорачаат реални резултати преку својата работа во насока на заштитата на животната средина и природата, истакна премиерот во текот на средбата.

Здружението „Кумановски акцијаши“ брои 174 членови и е добитник на наградата „3 Ноември“, што ја доделува Општина Куманово за промовирање на волонтерската работа.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски