Бафет: Жените ќе нè спасат

Од:

Милијардерот и филантроп Ворен Бафет смета дека жените ќе бидат оние кои ќе ја спасат американската економија, која се соочува со “фискална провалија.”

Бафет (82) рече дека очекува да се постигне договор со кој ќе се избегне автоматското воведување мерки за намалување на трошоците, и дека е особено оптимист во врска со прогнозите за САД, бидејќи земјата конечно почнала да го користи целиот потенцијал на жените, пренесе вчера, “Телеграф “.

Бафет, наречен и “мудрецот од Омаха”, вели дека клучот за светла економска иднина, е на жените да им се дадат исти можности за успех како и на мажите. Тој своето богатство го создаде преку децении на инвестиции и деловна активност на берзата, но разочаран е што и неговите сестри не ја имале истата можност.

-Жените се потчинувани од памтивек. Во оваа земја во 1776. рековме дека сите луѓе се родени еднакви, а потоа го игнориравме тој факт 150 години, до донесувањето на 19 амандман (ратификуван во 1920 година, им гарантираше на американските жени право на глас). Го видов тоа на примерот на моето семејство. Роден сум во 1930 година, покрај постара и помлада сестра, а семејството се надеваче дека тие ќе се омажат добро, додека од мене се очекуваше да ги исполнам своите потенцијали, какви и да се – раскажа Бафет.

-Тие беа две човечки суштества со огромен потенцијал, а се претпоставуваше дека ќе бидат медицински сестри, секретарки или стјуардеси. Можеа да бидат и учителки, но не и професорки. Што е губење на човечкиот талент – 50 проценти од населението е во втурнувано во ќоше 200 години. Далеку дојдовме со користење само на половина од талентите во земјата, а сега дојдовме до точка да користиме 100 проценти. Поради тоа јас сум оптимист, но треба уште многу да се направи – рече тој.

Што се однесува до наводите дека САД се на работ на “фискална провалија”, Бафет изјави дека до сега Америка се соочувала и со уште полоши проблеми и дека се ќе се среди. Тој е оптимист во врска со долгорочните перспективи на САД да ја победат финансиската криза.

Би можело да ве интересира

Русија: Нема да се спасите, нуклеарна војна не смее да се случи бидејќи нема да има победници

Горан Наумовски

Паника во Америка: Изборните службеници добиле сомнителни пакети, случајот го истражува ФБИ

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“

САД поддржуваат две постојани места за африканските земји во Советот за безбедност на ОН

Ураганот Френсис ја погоди Луизијана, без струјата се повеќе од 200.000 потрошувачи