Околу 200 учесници од повеќе општини учествуваат на денешната регионална манифестација „Пензионерите пеат“ која се одржува во Неготино.
– Имаме гости пензионери инвалиди од Штип. Тука се и пензионери од Велес, Прилеп и Битола. Настапуваат и претставници на третата доба и пензионери инвалиди од Кавадарци. Со нас се и нашите пријатели од Валандово, Дојран, Богданци, Гевгелија и Демир Капија, информира Петар Захарчев, претседател на Здружение на пензионери Неготино.