Делови од Центар, Кисела Вода и неколку скопски села утре без струја

Од:

Корисниците од ресторанот на тенискиот терен Југ, Воен стадион, тениските терени со пропратните објекти, спортската сала Парк, ресторанот во спортката сала Парк и Луна паркот во општина Центар утре од 8:45 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Архитект Никола Добровиќ“ бр. 17, влез 3 во општина Кисела Вода.

Од 08:30 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од населеното место Арнакија, патот за Бунарџик и фирмите Завар, Метал Амајлија и Гранд Дискотека, а од 08:30 до 11:30 часот и корисниците од село Бучинци.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: Отчитувањето на броилата зголемено на 95 отсто

Горан Наумовски

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 28 ноември изнесува 119,61 евра за мегават час, на МЕМО 118,90 евра за мегават час

Владата ќе продолжи со субвенционирањето на струјата за домаќинствата

Горан Наумовски

Лани 65,5 отсто од потребната енергија во земјава била обезбедена од увоз