Евроинтеграциите во фокусот на денешната владина седница

Од:

Владата на Република Македонија денеска напладне ќе ја одржи 29. седница на која ќе го разгледа напредокот во процесот на европската интеграција и користењето на ЕУ фондовите.

На седницата се очекува да биде разгледана и реализацијата на приоритетите за влез во НАТО и реализацијата на Рамковниот договор.

На дневен ред е и информацијата за прогресот на активностите од проектот „Посета на компании“ кои имаат проблем во постапката за приватизација на градежно земјиште во државна сопственост и за остварените средби со физички и правни лица кои имаат проблеми од имотно-правен карактер.

Министрите во Владата се очекува да ги разгледаат и извештаите за работата на повеќе институции и повеќе кадровски прашања.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски