Индија почнува проект вреден 2,5 милијарди долари за електрификација на сите домаќинства

Од:

Индискиот премиер Наренда Моди соопшти денеска дека почнува со план вреден 2,5 милијарди долари со кој ќе се обезбеди електрификација за сите домаќинства во државата до крајот на 2018 година.

Повеќе од 40 милиони домаќинства, речиси една четвртина од сите во државата, ќе добијат струја. Во моментов, околу 300 милиони од 1,3 милијарди жители на Индија, сѐ уште не се поврзани во мрежата за дистрибуција на електрична енергија.

Владата ветува дека ќе ја заврши електрификацијата до декември 2018 година и до тогаш ќе се знаат и домаќинствата кои ќе добиваат бесплатен приклучок.

Проектот ќе го финансираат федералната Влaда и државната компанија „Рурал Елекртификејшн“. Со проектот се планира и прекин на употребата на петролеј кај голем број домаќинства.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати