Јаневски: Да ја продолжиме успешната приказна на Струмица

Од:

Дванаесет години Струмица испишува успешна приказна, посочена за пример како треба да работи една локална власт. Затоа, денеска, стојам овде пред вас и ве повикувам заедно да ја продолжиме и во следните четири години, рече на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Струмица од СДСМ, Коста Јаневски.

– Ние знаевме како, Вие ни верувавте и ни ја давате Вашата поддршка. Да продолжиме и понатаму заедно да ја развиваме и градиме Струмица и да носиме ЖИВОТ ЗА СИТЕ. За иднината на општина Струмица нудиме многу проекти. Во претстојниот мандатен период планираме да реализираме над дваесет капитални и стотина други помали проекти кои се од интерес за сите граѓани во Општината, рече Јаневски.

Додаде дека, ќе го слушаат гласот на граѓаните и дека ќе градат по план.

– Ќе обезбедиме инфраструктура за сите, здрава животна средина, ќе ги намалиме разликите меѓу градот и населените места. Ќе работиме посветено и одговорно. Затоа утре бидете дел од конвенцијата на СДСМ, на која ќе ви ја презентираме визијата за иднината на нашиот град. Струмица беше и ќе остане симбол на демократијата и на желбата за слободно граѓанско општество, Општина која беше и секогаш ќе биде прва, рече Јаневски, барајќи ја поддршката од граѓаните на изборите.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација