Сообраќајот низ државата се одвива делумно забавено, по наместа влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно забавено, по наместа влажни коловози поради врнежи од дожд.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Завршени се работите за реконструкција на делницата Катланово-Велес од автопатот „Александар Велики“. Агенцијата за државни патишта денеска ќе ја пушти во употреба реконструираната делница. Во изминатите 16 месеци на таа делница реконструирани се 27,5 километри. Санацијата ги опфати најкритичните точки на делницата и поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација, обновен е асфалтот и санирани се насипите и местата каде што има нестабилни карпи.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска