Во периодот од 19 часот на 22. септември до 11 часот на 23. во Гевгелија во ДПТУ „Ветеринар“ лоциран на улицата Моински Пат непознат сторител извршил тешка кражба при што украл околу 880 илјади денари.
Сторителот ја исекол металната ограда со која бил ограден целиот објект и заштитната мрежа, по што отворил прозор од канцеларија, влегол внатре и со погоден алат отворил метален сеф од кој одзел 6.500 евра, 2.000 долари и околу 400.000 денари во разни апоени.
Секторот за внатрешни работи Струмица превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.