Во Скопје ќе се одбележи Денот на зелениот појас

Од:

Македонско еколошко друштво (МЕД) во соработка со Институтот за биологија при ПМФ, Македонско биолошко друштво, Истражувачкото друштво на студенти биолози и Првиот скопски извиднички одред од Скопје, со поддршка на Фондацијата Еуронатур, денеска напладне во Градски парк во Скопје ќе го одбележи Денот на зелениот појас.

Настанот ќе започне во 12 часот во кафулето „Централ парк“ до езерцето во Градскиот парк со Изложба на зелениот појас во Македонија и доделување награди за најдобрите фотографи кои учествуваа на годинешниот фото конкурс за Европскиот зелен појас.

Вториот дел од настанот предвидува интерактивни игри за деца со едукативна еколошка содржина. Игрите кои ќе се одвиваат на повеќе локации околу езерцето ќе им помогнат на најмладите да научат нешто повеќе за животот на рисот, инсектите и птиците.

Македонија, како дел од иницијативата „Европски зелен појас“, втора година по ред го одбележува овој ден и ја подигнува свеста на граѓаните за богатите предели коишто се дел од Балканскиот зелен појас. Иницијативата „Европски зелен појас“ стреми кон зачувување на значајните предели во Европа кои се зачувале благодарение на намаленото движење за време на студената војна. Еколошката мрежа „Европски зелен појас“ опфаќа 24 земји во Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето