Гелова Стојанова: Владата со лошата политика ги демотивира странските инвеститори

Од:

Соња Гелова Стојанова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека СДСМ со расипничката политика ја водат државата кон целосен економски колапс и банкрот.

– Неспособноста на СДС и Тевдовски создаваат вистински хаос во економијата. Тевдовски преку обелоденување на договорите со странските инвеститори од државата свесно сака да ги избрка и да затвори илјадници работни места. Потенцијалните странски инвеститори, кои во идниот период планираа влез во Македонија ќе ги пренасочат своите инвестиции кон некоја од соседните држави со некоја поповолна бизнис клима затоа што СДС со лошата политика која што ја спроведува веќе 3 и пол месеци ги демотивира истите, рече Гелова Стојанова.

Според неа, Владата на СДСМ, Заев, Тевдовски се најцрната точка во економијата во Македонија бидејќи поради политиката спроведена од владата дошло до пад на индустриското производство за 12 отсто, пад на прометот во индустријата за 0,7 отсто, пад на просечната нето плата како и пад на извозот за 2,2 отсто.

– Граѓаните на сопствената кожа ја почувствуваа неодговорноста и негрижата на СДС и Заев. СДС ги задолжи граѓаните и државата за нови над 250 милиони евра, а од државните резерви СДС безмилосно стопи цели 177 милиони евра. СДС со секој нов чекор ја покажува негрижата и неодговорноста кон граѓаните. Економските политики на владата доживуваат фијаско. Со ова СДС и Заев ќе го забрза крахот на македонската економија, зголемување на невработеноста и затворање на работни места, со што неизбежен е пад на животниот стандард на граѓаните, рече Гелова Стојанова.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ