Стојаноски: Фирмата на Анѓушев започна со градба на хидоелектраната „Тополка“ една недела пред законски дозволеното

Од:

Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека Владата на СДСМ влегува од криминал во криминал со цел фирмите на Анѓушев да можат непречено да ги тераат своите бизниси.

– Фирмите на Анѓушев кршејќи го законот за градење, отпочнаа со градбата на хидроелектраната „Тополка“ една недела пред законски дозволеното.Со овој случај се докажува дека се е однапред договорено и наместено, се знае кој ќе гради, кој ќе добие одобрение и дека фирмата на Анѓушев е таа која ќе заработи милиони. Имено одобрението за градба издадено на 11-ти септември, станува правосилно на 26-ти септември, датум на кој може да почне изградбата, во спротивност со тоа фотографиите од терен кои ги видовме низ медиумите покажуваат дека фирмите на Анѓушев ја отпочнаа градбата уште на 20-ти септември, рече Стојаноски.

Тој кажа дека медиумите и јавноста веќе алармирале за криминалот на Анѓушев толериран од страна на власта, но надлежниот инспекторат за градежништво и јавното обвинителство не реагирале.

– ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните органи да го истражат целиот случај и да утврдат одговорност, како за одговорното лице, така и за надлежните во институциите кои го дозволуваат ова безаконие. Ова не е прв случај на криминал со цел овозможување на непречено одвивање на бизнисите на Кочо Анѓушев. Владата за случајот „Тополка“ веќе еднаш го прекрши законот, со тоа што дозволи во период пред избори да биде извршена пренамена на земјоделско земјиште во градежно, во спротивност со Изборниот законик, вели Стојаноски.

Според него институциите молчат бидејќи се потиснати под јаремот на партијата на власт, а ваквиот криминал не смее да остане премолчен, туку институциите треба да работат согласно закон.

– ВМРО-ДПМНЕ ги потсетува сите прекршители на законите дека ваквиот криминал нема да остане неистражен и неказнет. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, сите незаконски постапки ќе бидат ревидирани и ќе се утврди индивидуална одоговорност за секој еден прекршител на законските норми. Доаѓа крајот на ваквиот правен хаос. На претстојните локални избори на 15-ти октомври граѓаните ќе му стават крај на ваквото деструктивно владеење, рече Стојаноски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ