Ден на мултикултурализмот во Кичево

Од:

Во Кичево вечерва се одржа манифестацијата „Ден на мултикултурализмот“ во организација на неформалната група „Вреди да си ок, Кичево”.

Манифестацијата се одржува четврта година по ред, а неа ја организираат граѓани од сите етникуми кои живеат во градот.

Во рамки на манифестацијата се одржа трибина на која се обрати универзитетскиот професор Садик Емроја, кој се осврна на вредностите на мултикултурата.

На манифестацијата се обрати и директорот на Секторот за мултикултура при Министерството за култура, Менфи Илаз кој најави дека во иднина ваквите манифестации ќе бидат поддржани и од ресорното Министерство.

Присутните имаа можност да ги дегустираат националните кујни од сите националности кои живеат во градот, а во рамки на манифестацијата беше отворена и изложба.

Настанот се одвиваше на три јазици: македонски, албански и турски.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси лихвар од Кичево, кај него се најдени пари и накит

Удрил во две девојчиња во Кичево и избегал, полицијата трага по возачот

Три лица загинаа во сообраќајна несреќа во Кичево

Момче со автомобил удри во полицаец, повредениот заврши во болница

Земјотрес во Албанија почувствуван во Охрид и во Кичево

Катерина Ѓуровски

Уапсена мајка од Кичево која ја запуштила својата малолетна ќерка