Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес во Варшава изјави дека Унгарија не сака и има право да не биде имигрантска земја.
– Ја прифаќаме одлуката на имигрантските земји дека сакаат да бидат такви. Бараме од нив да прифатат дека ние не сакаме да бидеме таква земја, порача Орбан на заедничката конференција за новинари заедно со полската премиерка Беата Шидло.
Орбан додаде дека Унгарија бара други решенија за демократските проблеми и тие поврзани со пазарот на труд, додека имиграцијата како решенија ја отфрла.
Унгарскиот премиер се осврна и на критиките кои ЕУ ги упатува кон Полска во врска со владеењето на правото, оценувајќи ги како неосновани.
– Сакаме помалку Брисел и посилни национални држави, рече Орбан.