Вкупно 133 затвореници, кои се осудени на смртна казна во Јапонија, сакаат да го знаат датумот на егзекутирање, но смртната казна да не биде со бесење.
Во текот на годинава, во Јапонија се егзекутирани седум затвореници.
Повеќето затвореници во очекување на погубувањето, сакаат однапред да го знаат датумот, наместо за тоа да бидат информирани на самиот ден на извршување на казната, се наведува во една студија спроведена во септември и ноември.
Од 78 осуденици, 51 изјавиле дека сакаат да го знаат однапред датумот на казната, наведувајќи како причина дека имаат време да се збогуваат со семејство.
Наместо бесење, повеќето затвореници навеле дека би сакале смртоносна инјекција.
Јапонија и САД се единствените развиени индустриски земји каде што на сила е смртната казна.