Потпишана Извршна програма за културна соработка меѓу Македонија и Кина за 2018-2023

Од:

Министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерот за култура на Народна Република Кина, Луо Шуганг вчера во Кина потпишале Извршна програма за културна соработка меѓу Република Македонија и НР Кина за 2018-2023 година. Средбата се одржала во рамки на Третиот форум на Иницијативата за соработка помеѓу НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа (16 + 1) што деновиве се одржува во градот Хангџоу во Народна Република Кина.

– Со програмата, министерствата се обврзуваат дека ќе ја поддржуваат и охрабруваат соработката меѓу културните институции и уметниците од двете земји. Програмата е втора по ред од ваков вид и ја моделира правната рамка која ќе ја унапреди соработката меѓу двете министерства за култура. Таа предвидува размена на изведувачко-уметнички ансамбли од двете држави, размена на изложби, академски истражувања, работилници од областа на литературата, филмот и други културни активности. Исто така, согласно Извршната програма, двете држави ќе настојуваат во иднина да ја стимулираат соработката меѓу здруженијата на писатели, институциите од областа на културното наследство и експертите и стручните лица од оваа област, објави Министерството за култура.

Со овој документ, додава Министерството, двете држави ги манифестираат и своите заложби за активно учество во активностите што се дел од „Кина – ЦИЕ Форум за културна соработка“, а во чии рамки се организираат кампови за танц, посета на директори на меѓународни оперски, куклени, хорски и детски меѓународни фестивали, форуми за заштита на нематеријалното културно наследство, културни и креативни индустрии и други содржини.

– Воедно, кинескиот министер за култура нагласи дека Кина од почеток ја поддржува иницијативата Координативниот центар на Иницијативата „16 + 1“ да биде во Македонија, а се разговараше и за можноста за отворање на Кинески културен центар во Македонија и Македонски културен центар во Кина. Министерот Алаѓозовски го покани министерот Шуганг идната година да ја посети Македонија и да се запознае одблиску со подготовките за 4-тиот Министерски форум за културна соработка, на кој Македонија е домаќин во 2019, известува Министерството за култура.

Соработката во областа на културата меѓу Република Македонија и Народна Република Кина е регулирана со повеќе документи, со Спогодба меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Народна Република Кина и со Извршни програми меѓу министерствата за култура.

Би можело да ве интересира

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел

Премиера на детската театaрска претстава „Плашливиот Лав“

Предраг Петровиќ

Светска премиера на симфониската суита „Итар Пејо“ од Филип Иванов

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ