Груевски во посета на СОС Детско село и Домот „11 Октомври“

Од:

Премиерот Никола Груевски, придружуван од министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, денеска со желби за среќно детство, радост и успех во иднината им ја честитка Новата 2013 година и им подели ногодишни пакетчиња на децата од СОС Детското село и Домот за деца без родители „11 Октомври“ во Скопје.

Со детски претстави, кои самите ги подготвиле, дечињата ја изразија својата благодарност до премиерот Груевски, кој, како што потенцираат е човекот кој најмногу се грижи за нивната сегашност и уште повеќе за нивната иднина.

– Ви посакувам во 2013 година да сте многу среќни и весели. Ваше е сега да учите, да имате повеќе знаења и кога ќе дојде време да се вработите да имате повисоко образование  за да имате и поуспешен живот, им порача премиерот Греувски на дечињата.

Во таа насока, тој нагласи дека се усвоени измените на Законот за социјална заштита, во рамки на кој, Министерството за труд и социјална затштита, има изработено посебна програма за вработување на децата од „11 Октомври“ откако ќе го напуштат домот. Со измените на законот се воведува можност Владата со посебна програма да утврди мерки за вработување на лица кои до 18-годишна возраст имале статус на дете без родители и без родителска грижа, заради нивна интеграција во социјалната средина по напуштањето на установата или згрижувачкото семејство. Инаку, секоја година од домот излегуваат околу 10 – тина деца, кои се опфатени со ваквата програма за вработување.

Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски посети три од 12 – те куќички, во СОС Детското село, при што разговараше со лицата кои се грижат за 61 – то дете кои во моментот се сместени во СОС Детското село.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Премиерот не е обвинител, ниту има право да ја злоупотребува својата позиција за политичка борба

Горан Наумовски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Џафери: Дали ќе одам во опозиција зависи од исходот на преговорите за нова Влада

A1on

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

A1on

Ковачевски му ја предаде функцијата на Џафери: Повика сите министри да работат во интерес на граѓаните

A1on

Ирскиот премиер Варадкар во посета на Македонија

А1он