Хелсиншки очекува сексуалната ориентација по локалните да стане основ за дискриминација

Од:

Сексуалната ориентација и родовиот идентитет се внесени како основ за дискриминација во предлог-законот за изменување на Законот за спречување и заштита од диксриминација и се очекува тој да биде донесен по локалните избори, изјави денеска директорката на Хелсиншки комитет Уранија Пировска, на денешната презентација на анализата на законската рамка во однос на правата на ЛГТБИ заедницата.

Центарот за поддршка ЛГТБИ, кој е подружница на Хелсиншки комитет учествуваше со свои претставници во работните групи заедно со Министерството за труд и социјална политка на креирање на измените на Законот за спречување на дискриминација.

– Со години наназад се боревме сексуалната ориентација да биде вклучена како основ за дискрминација, за да може понатаму и соодветно да се третира. Македонија се наоѓа во период кога се одвиваат многу реформи со цел да се воспостави владеењето на правото и сега е вистински момент да потсетиме што треба да се направи во сферата што ги третира правата на ЛГТБИ заедницата, рече Пировска.

Таа ги спомена нападите, кои се случиле врз Центарот за поддршка, сторителите на тие напади не се пронајдени, ниту пак се води сериозна истрага.

– Сакам да потенцирам дека мора да се покренат повторно овие постапки да се најдат сторителите, тоа ќе претставува конечно покажува на политичка волја, да се стави крај на насилството врз припадници на ЛГТБИ заедницата, рече Пировска.

Таа додаде дека Македонија 25 години се соочува со хомофобија и трансфобија, која се манифестира не само преку несоодветна законска рамка туку и во самата пракса.

– Новата Влада досега покажуваше декларативни заложби дека ќе се бори за сите и за оние кои имаат поинаква сексуална ориентација. Би сакал да ја посетам новата Влада декларативните заложби да не останат само декларативни, рече Пировска.

Анализата која е изработена во рамки на програмата Сивика Мобилитас е оставена од три дела.

Иван Менкиоски, еден од авторите изјави дека се таргетирани пет клучни дела, во кои се неопходни итни реформи.

Прво е да се донесе национална стратегија за надминување на хомофобијата и трансфобијата, носење стратегија која ќе ги опфати обуките на оние лице кои работат со ЛГТБИ, формирање интерсектороско тело од претставници на Владата и НВО во оваа сфера со цел тие да ги таргетираат областите, во кои се потребни реформи и мерки за сензилибизација и воопшто на поголема отвореност кон оваа проблематика.

Менгиновски посочи дека е потребна измена на Кривичниот законик, кој препознава дела од омраза, но само врз верска, расна и национална основа. Утврдена е и потреба на измени на Законот законот за семејство во врска со правата на истополовите двојки со хетеродвојките со цел да добијат социјални права во вонбрачната заедница, а потоа и достигнување на брачна еднаквост.

Треба да се реши и прашањето за трансродовите лица, кои се најмаргинализирани. Потребно е системско признавање на промената на полот.

– Во Македонија има неефикасна услуга за овие лица, кога добиваат ендокринолошки и психолошки третман. Здравството не покрива операција за промена на пол, со што се крши Уставот за загарантирана здравствена заштита на овие луѓе, не постои опција за промена на матичниот број, чии две последни бројки го одредуваат полот.

– Мора да се смени Законот кој ја третира матичната евиденција. Може да се случи трансродово лице да сака да ја премине границата, но доколку не му биде сменет матичниот број ќе има проблеми, додаде Пировска.

Република Македонија хомосексуалноста ја декриминализираше во 1996 година.

Би можело да ве интересира

Изречена казна затвор од една година за говор на омраза врз основа на сексуална ориентација

Хелсиншки комитет: Институциите мора да ги заштитат осудениците во висок ризик

Ана Ололовска

„На образованието му треба сериозно проветрување од насилници“

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет: Инсистираме на објективна и навремена истрага и одговорност за трагедијата во тетовската болница

Ана Ололовска

Хелсиншки комитет за човекови права: КСЗД утврди – Мото клубот Пелистер врши директна дискриминација

Ана Ололовска

Анализа: Пандемијата ја продлабочи нееднаквоста на лицата со попреченост

Ана Ололовска