Македонски студентки добија стипендии од ОКТА и Хеленик Петролеум за постдипломски студии во Грција

Од:

Стефанија Таневска и Ангелина Славески се двете добитнички на стипендии за постдипломски студии на конкурсот што беше објавен од страна на компанијата ОКТА во мај годинава.

Студентките ќе ја имаат привилегијата да ги продолжат своите студии на Универзитетот на Пиреја и Техничкиот Универзитет на Крит, со кои што Хеленик Петролеум Групацијата, на која припаѓа ОКТА, склучи тригодишен договор за соработка. Со оваа иницијатива Групацијата додели вкупно 25 стипендии на студенти во секоја земја каде е присутна (Грција, Кипар, Црна Гора, Бугарија, Србија и Македонија). Покрај платените студии, на двете студентки компанијата ОКТА им додели и дополнителна стипендија, за трошоци за живот во вредност од 1.000 евра месечно за секоја.

Стефанија Таневска е правник по професија, а следното образовно ниво ќе го продолжи на постдипломските студии по енергетика, право и економија на Универзитетот на Пиреја. Ангелина Славески e дипломиран технолог, а својата доедукација ќе ја реализира на постдипломските студии по нафтено инженерство на Факултетот за инженерство на минерални ресурси на Техничкиот универзитет на Крит.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците

Раст на платите во јавната администрација и образованието ќе има следната година

Независниот синдикат порачува: Нека се скрати на превоз на пратеници, на апанажи, на службени возила и ќе има пари и за просветните работници

Предраг Петровиќ

Јаневска: Нашите ученици каснат многу во однос на нивните врсници во Европа

(ВИДЕО) Баковска: Нема образовни асистенти во училиштата, гневни се родителите на децата

Наставниците нема да добијат зголемување на платите во септември, ќе има во март