Во источна Македонија 246 возачи возеле со брзина поголема од дозволената

Од:

СВР-Штип спроведе Републичка акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната и контрола на возачи кои вршат непрописно пристигнување, изјави на денешната прес-конференција, портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова.

Таа истакна дека при контролата 141 возач брзо возеле во населените места, додека 105 возачи на регионалните и магистрални патишта своите возила ги управувале со брзина поголема од пропишаната.

– Преземени се 246 мерки по горенаведениот прекршок, при што издадени се 191 мандатни платни налози за наплата на глоба и 51 возач писмено се опоменати, додека 28 возачи извршиле непрописно претекнување за кои преземени се ист број мерки, односно издадени се 23 мандатни платни налози и пет прекршочни платни налози, вели Панајотова.

Таа истакна дека СВР-Штип апелира до сите возачи дека и понатаму на патиштата ќе имаат зајакнати контроли за откривање и спречување на прекршоците кои ги прават возачите. Токму управување на возилата со брзина поголема од дозволената е една од најчестите причини за сообраќајни несреќи со потешки последици и ја загрозуваат безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Во источна Македонија во изминатите девет месеци во тешки сообраќајни несреќи загинаа 18 лица.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози