„Народно движење за Македонија согласно одлуката на Централниот комитет на партијата од 30 октомври 2016, на локалните избори на 15 октомври ќе настапи самостојно со листа на кандидати за советници во 19 општини, a во 12 општини со листа на кандидат за градоначалник, како и со листа на кандидати за советници и листа на градоначалник на Град Скопје.
НДМ најостро го осудува притисокот од двете големи партии врз кандидати на НДМ кој во последен момент резултираше со откажување на 5 листи на советници и три листи на кандидат за градоначалник, меѓутоа, за причините ќе излеземе по изборите, со цел, да не бидеме однапред обвинети дека бараме некакво алиби за изборите.
Како и да е, НДМ е силно убедено дека и со постојните 19 советнички и 12 градоначалнички листи започнува процесот на разбивање на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кој, НДМ го почна храбро, решително и во интерес на народот.
Затоа, на изборите на 15 октомври, ниту со левите, ниту со десните, туку со народот!“, се вели во соопштението на НДМ.