Руските безбедносни сили денеска убија седум екстремисти и ослободија едно шестгодишно девојче, што беше киднапирано во Дегестан, соопшти претставник на националната антитерористичка комисија.
Инцидентот се случил во една станбена зграда во главниот град на Дегестан, Махачкала, каде екстремистите упаднале во стан и го киднапрале детето.
Екстремистите прво се обиделе да побегнат, па фрлиле бомба и отвориле оган вра специјалните сили, од која никој не е повреден.
Муслиманските бунтовници, кои во Северен Кавказ сакаат да создадат исламска држава, често ја напаѓаат полицијата и безбедносните сили, како и претставници на Владата.