Порази за водечкиот тандем на „Истокот“

Од:

Во НБА лигата ноќеска на програмата беа 12 натпревари, а во нив порази доживеаја двете водечки екипи во Источната конференција. Мајами загуби на гостувањето кај Детроит, додека Њујорк беше поразен на гости кај Сакраменто.

За разлика од водечката двојка на Истокот, лидерот во Западната конференција славеше против Јута и за Лос Анџелес Клиперс тоа беше 16.та победа во низа.

Постигнати резултати на ноќешните средби од НБА лигата: Вашингтон – Орландо 105:97, Индијана – Феникс 97:91, Бруклин – Шарлот 97:81, Детроит – Мајами 109:99, Кливленд – Атланта 94:102, Њу Орлеанс – Торонто 97:104 (по продолжение), Далас – Денвер 85:106, Сан Антонио – Хјустон 122:116, Јута – Лос Анџелес Клиперс 114:116, Сакраменто – Њујорк 106:105, Лос Анџелес Лејкерс – Портланд 104:87 и Голден Стејт – Филаделфија 96:89.

Двојки за вечерашните 11 натпревари: Шарлот – Њу Орлеанс, Атланта – Индијана, Орландо – Торонто, Бруклин – Кливленд, Чикаго – Вашингтон, Мемфис – Денвер, Хјустон – Оклахома, Минесота – Феникс, Милвоки – Мајами, Портланд – Филаделфија и Голден Стејт – Бостон.

Пласман Источна конференција: Мајами 20-7 (победи-порази), Њујорк 21-9, Атланта 18-9, Индијана 17-12, Милвоки 15-12, Чикаго 15-12,…

Пласман Западна конфренеција: Лос Анџелес Клиперс 24-6, Оклахома Сити 22-6, Сан Антонио 23-8, Мемфис 18-8, Голден Стејт 20-10,…

Би можело да ве интересира

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он