Во кошаркарската Евролига синоќа се доиграа три натпревари со кои заврши 1.коло од фазата „ТОП 16“. Победи на овие дуели остварија домашните екипи.
Во единствениот натпревар од Ф групата, Барселона убедливо со 100:78 го победи Фенербахче Улкер, а во поразениот тим настапи Лестер Бо Мекејлеб кој постигна само два поени.
На натпревари од оваа група одиграни во четвртокот: Бешикташ – Химки 75:80, Монтепаски – Макаби 79:69 и Каха Лаборал – Олимпијакос 82:74.
Постигнати резултати на натпреварите од Е групата: ЦСКА Москва – Анадолу Ефес 90:71 и Панатинаикос – Жалгирис 67:66.
Во четвртокот во оваа група играа: Алба Берлин – Реал Мадрид 63:77 и Уникаха Малага – Бросе Баскетс 85:82.
Следното (второ) коло се игра веднаш по новогодишните празници на 3 и 4 јануари.