Сојузот на борците на Република Македонија во четврток ќе го одбележува Меѓународниот ден на мирот

Од:

Сојузот на борците на Македонија во четврток, на 21. септември организира собир за прослава на меѓународниот ден на мирот.

– Тргнувајќи од историскиот факт дека народот на Македонија ги претрпе најжестоките ужаси и на светските и на балканските војни, сметам дека оваа манифестација во Скопје и во другите градови на Македонија, треба да добие најширока општонародна и граѓанска подршка со испраќање на нашата животна порака – за траен мир и благосостојба на човештвото. Затоа, Сојузот на борците ги повикува сите граѓани, без оглед на своите политички, национални и верски определби, најмасовно да излезат и се вклучат во одбележувањето, се вели во соопштението на Сојузот на борците.

Тие соопштуваат дека на свеченоста ќе ќе биде прочитана Пораката на генералниот секретар на ООН г-дин Антонио Гутереш, на генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова и ќе биде испратена национална порака за мир до УНЕСКО и генералниот секретар на ООН.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Ние сме верни поддржувачи на Сојузот на борци и ќе продолжиме да придонесуваме во нивните активност

Заев вети средства за Сојузот на борци на Република Македонија за да продолжи да се негува традицијата и афирмираат придобивките од НОБ

Наум Локоски

Сојузот на борците реши да ја потпише Платформата за демократска Македонија

Ана Ололовска

Одбележување на Меѓународниот ден на мирот

Ана Ололовска