Царина запленила 876 пара спортски детски обувки со ознаки на заштитени трговски марки минатата седмица

Од:

Во текот на минатата недела откриени се неколку обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, делови за мобилни телефони и фалсификати, соопштија од царинската управа.

Задржана е следната стока:

Девизи
– 24.500 американски долари, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при личен претрес на македонски државјанин, кој допатувал со лет од Виена. Во внатрешните џебови на јакната на патникот биле пронајдени 36.220 американски долари од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 11.720 американски долари, противвредност на 10.000 евра, износ што може слободно да се внесе од државата. За сторениот девизен прекршок против патникот е поведена прекршочна постапка.

– 27.470 евра, 1.000 американски долари и 500 швајцарски франци, откриени во три одвоени случаи, на граничниот премин Табановце автопат.

Во првиот случај, била извршена контрола на германски автомобил со кој за влез во државата се пријавиле двајца германски државјани. Патниците изјавиле дека со себе носат околу 3.000 евра, но при контролата на возилото, под предното седиште, во торба од прва помош, биле пронајдени 40.000 евра, додека кај патниците биле пронајдени уште 3.000 евра. Согласно законските прописи на двајцата патници им биле вратени по 10.000 евра, износ што нерезиденти може слободно да го изнесат од државата, додека 23.000 евра биле привремено задржани.
Во вториот случај, при личен претрес на македонски државјанин, кој со германски автомобил се пријавил за излез од државата, во преден џеб од неговите панталони биле пронајдени 5.170 евра, за кои не поседувал документ за потекло. Согласно законските прописи, на патникот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 3.170 евра се привремено задржани.
Во третиот случај, при личен претрес на двајца македонски државјани, кои со македонски автомобил се пријавиле за излез од државата, во заден џеб од панталоните на возачот биле пронајдени 3.300 евра, 1.000 американски долари и 500 швајцарски франци, за кои не поседувал документ за потекло, додека сопатникот носел 2.000 евра. Согласно законските прописи на возачот му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека 1300 евра, 1.000 американски долари и 500 швајцарски франци се привремено задржани.
Во сите три случаи против сторителите ќе бидат поведени соодветни постапки.

Делови за мобилни телефони
– 214 делови за мобилни телефони (матични плочи, батерии, камери, микрофони, звучници и антенски проводници), откриени во царинската испостава Аеродорм Скопје – отсек за стоково царинење, при контрола на стока со потекло од Кина наменета за увозник од Скопје. Вишокот на стока, кој не бил опфатен со царинската декларација е привремено задржан, а против увозникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 876 пара спортски детски обувки со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на македонски камион натоварен со стока со потекло од Кина, наменета за увозник од Косово, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Пазарната вредност на обувките е проценета на околу 1,6 милиони денари доколку би се продавале како оригинални.
Поради сомневање дека се работи за фалсификувана стока, обувките се привремено задржани, и согласно законските одредби ќе биде поведена постапка за утврдување на нивната оригиналност.

Би можело да ве интересира

Разговорите Кина-ЕУ за царината на електрични возила завршија со несогласувања

A1on

Спречен шверц на копачки, парфеми и облека

Спречен шверц на брендирани производи, цигари и девизи

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Царинска управа: Спречен влез на 1,7 тони лекови штетни по здравјето на граѓаните

А1он

Богоев: Денот на Царината го одбележуваме со високи резултати во приходите, сузбивањето на криминалот и реформските процеси за забрзана интеграција во ЕУ