Тилерсон: САД разгледуваат затворање на Амбасадата во Хавана

Од:

Администрацијата на САД ја разгледува можноста за затворање на својата Амбасада во кубанскиот главен град Хавана, по мистериозниот инцидент кој предизвика нарушување на здравјето на американските дипломати, изјави денеска првиот човек на Стејт департментот, Рекс Тилерсон.

– Сериозно ја разгледуваме оваа опција. Во прашање е многу сериозен проблем, нагласи Тилерсон, додавајќи дека дел од американските дипломати во Хавана биле повлечени во САД.

Стејт департментот во август соопшти дека некои од членовите на дипломатскиот персонал во американската Амбасада во Хавана „почувстувале физички симптоми, како последица на необјасниви акустични инциденти уште од крајот на 2016 година“. Некои од дипломатите изјавиле и дека претрпеле „трајно оштетување на слухот“.

Според американскиот државен секретар, најмалку 21 Американец од персоналот во Амбасадата во Хавана биле изложени на овие мистериозни „медицински напади“.

Причините за ваквите појави не се утврдени, додека властите во Хавана отфрлат каква и да било поврзаност со овие, како што ги нарече Стејт департментот, „акустични инциденти“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија