Десетици илјади сунити протестираа во Ирак

Од:

Десетици илјади ирачки сунити, огорчени заради тоа што шиитската влада ги третира као граѓани од втор ред, се собраа денеска долж главниот автопат на запад на земјата и на улиците на неколку поголеми градови.

Најмасовните протести се оддржани во ирачката провинција Анбар, населена главно со сунити, долж автопатот што ги поврзува градовите Фалуџа и Рамади со Јордан и Сирија.

Неколку илјади лица излегоа на улиците на Фалуџа, а некои од нив носеа стари ирачки знамиња, од времето на Садам Хусеин, чија сунитска влада беше собореа пред 10 години во инвазијата што ја предводеа САД.

Демонстрантите го блокираа автопатот и во Рамада, барајќи од владата рамноправен третман.

Слични протести се оддржаа и во Мосул, Тикрит и Самара.

Ирачкиот премиер Нури ал-Малики предупреди на опасноста од враќање на „мрачниот период“ на меѓусекташко насилство, кога луѓето беа убивани само затоа што имаат поинакви имиња или се припадници на некоја верска група.

Тој ги повика Ирачаните на меѓусебно разбирање и толеранција, место да ги блокираат патиштата и шират секташка омраза.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак