Перински: СДСМ не смее преку притисоци врз ДИК да го попречува одржување на референдумите

Од:

Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека правото на референдум и правото на граѓаните да го изразат својот став за важни теми е едно од основните демократски начела, а СДСМ преку притисоци и институционални механизми се обидува да ги блокира референдумите на кои граѓаните треба да го дадат својот глас за или против населување на мигранти во своите општини.

– Повеќе од десетина општини низ цела Македонија веќе ги собраа потребните потписи за распишување на локалните референдуми. Во истите општини, општинските совети исто така гласаа за распишување на референдуми. Државната Изборна Комисија мора да постапи согласно законите во Македонија и не смее да си дозволи да ги попречува одржувањето на локалните референдуми низ оппштините во државата за изградба на мигрантски кампови, рече Перински.

Тој додаде дека СДСМ и Заев од позиција на власт уште одамна ги покажале своите диктаторски тенденции и дека не смеат да вршат притисок врз ДИК и дека мора да се почитуваат законите во Македонија.

– Законите во Македонија велат дека преку Социјалдемократскиот сојуз преку притисок врз ДИК не смее да го попречува одржувањето на референдумите само затоа што ќе пропадне нивниот план за населување на мигранти во Македонија. Нашиот апел до ДИК и сите надлежни институции е да го почитуваат ова демократско начело на непосредната демократија и да им овозможат на граѓаните да го кажат последниот збор дали тие сакаат и не сакаат да се градат мигрантски кампови во нивните општини, вели Перински.

Според него сите граѓани се свесни за желбата на СДСМ, Македонија да стане мигрантски камп и се свесни дека Македонија ги нема потребни ресурси за да им помогне на овие луѓе.

– Македонија има свои проблеми со невработеноста и сиромаштијата која секој пат кога неспособната СДС доаѓа на власт се во подем. Граѓаните во Македонија сакаат тие да бидат приоритет на било која влада како и проблемите кои тие ги имаат, а не проблемите на како што се вели во стратегијата, на бегалци и странци. Тие знаат кој политички субјект единствено и отсекогаш ги штител интересите на граѓаните на Република Македонија. Единствена политичка партија која отесекогаш работела за интересите на граѓаните е ВМРО-ДПМНЕ и токму поради тоа граѓаните ќе ја дадат максималната поддршка за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори на 15-ти октомври, со што планот за населување на стотици илјади мигранти на македонско тло ќе пропадне, рече Перински.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите против Митовски покажуваат дека тој не е жртва, туку локален шериф кој тепа граѓани

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Морбидно е да се слуша СДС како ликуваат за пожарите низ државата

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Режим на дело, почнаа нарачаните кривични пријави против кандидатите на СДСМ